| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп нема да оди на погребот на Барбара Буш, ќе ја прати Меланија

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп нема да присуствува на погребот на поранешната прва дама Барбара Буш од почит, со објаснување дека неговото обезбедување ќе предизвикало збунетост на погребот.

Во име на претседателското семејство на САД, на погребот ќе се појави првата дама, Меланија Трамп. Претседателот Трамп, по веста дека починала Барбара Буш, рекол дека таа била прекрасна личност и исклучително патриотски настроена жена со голема вера.

Би-би-си изразува сомневање дека зад одлуката на Трамп се кријат лошите односи со семејството Буш и наведува дека тоа би можело да се види и за време на партиската трка на републиканците за кандидат за претседател на изборите во САД во 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top