| четврток, 6 декември 2018 |

Девојката која пушеше џоинт во центарот на Скопје е приведена

Порталот Досие.мк објави дека попладнево во Градскиот парк била приведена девојката која вчера се појави на видео на социјалните мрежи во кое пуши џоинт во центарот на Скопје.

Сведок на приведувањето била новинарката на Досие, Кристина Мачкиќ која од грб ги сликала полицијаците. По ова полицајците ја легитимирале и неа и иако немаат право да го бараат тоа од новинар, побарале да ги избрише сликите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top