Долгометражниот документарен филм „Кобра“, посветен на борачката легенда Шабан Трстена, ќе биде премиерно прикажан вечерва во 19 часот во киното „Милениум“. Проекцијата е во рамките на 21. Скопски филмски фестивал. Режисер на „Кобра“ е Игор Иванов, а во продукција на Томи Салковски, „Скопје филм студио“.
„Кобра“ е трогателна приказна за единствениот спортист од Македонија што освоил олимписко злато, чии големи успеси никогаш не биле признаени од политичките авторитети и општеството.
Снимен е по сценарио на Игор Иванов, Сашко Насев и Томи Салковски, а режијата е на Игор Иванов. Во филмот се појавуваат Зоран Михајлов, борачки експерт, Насе Насев, поранешен селектор на борачката репрезентација, Ајруш Синани, тренер, Милош Вучидолов, доктор, Васил Тупурковски, поранешен претседател на МОК, Зоран Шоров, борач од Македонија, Ванчо Чифлиганец, поранешен претседател на ФБСМ, Назми Али – БК „Тефејуз“, Анатолиј Белоглазов, борач од Русија, Ахмет Ак, борач од Турција, Ферид Мухиќ, филозоф, Агим Касаполи и Антон Серечи, спортски новинари и членови на семејството Трстена.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на РМ.
На премиерата ќе присуствуваат Шабан Трстена и членови на екипата што работеше на реализацијата на овој филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Снимен документарениот филм „Кобра“ за животот на боречката легенда Шабан Трстена
-
Го каснала кобра, а тој ѝ вратил во иста мера – и ја убил
-
Среде концерт кобра ја гризнала пејачката, која умрела на сцената четириесет и пет минути подоцна (вознемирувачко видео)
-
Србите полудеа по забранетиот азиски пијалак: Кобровка „лекува сѐ“, само има еден проблем