| четврток, 6 декември 2018 |

Таа не поднела тужба за развод – Лука и го одзема детето на Наташа?

Откако во ноќта меѓу петокот и саботата се случи физичкиот напад во домот на Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ, пејачката го пријавила сопругот за насилство, иако ИТ експерот негира дека ја претепал. Само два дена по инцидентот, во медиумите се појави информацијата дека Беквалац поднела тужба за развод на бракот, но Лазукиќ ги негира тие тврдења.

Имено, кога Миломир Мариќ во емисијата „Добро утро Србијо“, соопштила дека во домашниот печат може да се прочита дека Наташа со сите сили ќе се бори за старателство врз ќерката Катја и дека поднела тужба за развод, Лука овие наводи ги искоментирал со зборовите:

-Не, јас поднесов тужба за развод на бракот-истакнал Лазукиќ, според кого, тој се решил да стави точка на бракот со Наташа.

-Ќе барам старателство над детето, бидејќи ако е една жена мајка, а подготвена е да направи нешто вакво, сите треба да се запрашаме – алудирал Лука на медиумската хајка која се води против него, а за која тврди дека ја диригира Наташа и дека целиот случај е исцениран.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top