Седушмгодишно девојче вчера попладнето било удрено со автомобил во скопското село Морани, по што итно било пренесено со тешки телесни повреди во болница.
„На 18.04.2018 година околу 16,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во село Морани товарно моторно возило „Форд Транзит“ со скопски регистерски ознаки управувано од Џ.В.(50) удрило во седумгодишно дете-пешак. Во незгодата пешакот со друго возило било пренесено во Поликлиниката Драчево, а од таму со возило на Итна медицинска помош била препратена во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди и е задржана е на понатамошно лекување“, соопштија од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.