Додека закрепнува од повредите, кои и ги нанесе сопругот Лука Лазукиќ откако ја претепа, пејачката Наташа Беквалац поднесе тужба за развод на бракот. Како што се дознава, таа на адвокатите им рекла дека сака старателство врз ќерката Катја и дека бара минимална законска алиментација.
Наташа е одлучна во една работа, по итна постапка да се разведе од Лука, поради што е во постојана консултација со тимот адвокати за следниот потег.
-Наташа поднесе тужба со која бара поништување на бракот. Во разговор со адвокатите рекла дека ништо не ја интересира, дека сака целосно старателство врз ќерката Катја која ја доби во бракот со Лука. Кога адвокатот ја прашал која висина на алименатција да ја побара, таа порачала дека парите не ја интересираат и да бараат минимална законска алиментација. Иако адвокатот се обидел да ја убеди да бара повеќе пари, таа тоа го одбила со порака дека ја интересира само детето- вели за Блиц добро информиран извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кога ќе го слушнам зборот мажење, се вртам да видам кој ме бара: Беквалац скокна како попарена!
-
Наташа Беквалац имала сообраќајка, во автомобилот било и бебето!
-
Веќе не плачам, јас своите солзи ги исплакав: Наташа Беквалац проговори за тешкиот период!
-
Гледаше во мене и рече, ќе те е*еме: Наташа повторно нападната!