| четврток, 6 декември 2018 |

Пијанистката Валентина Лисица од Украина вечерва на концерт со Македонската филхармонија

Валентина Лисица од Украина/САД, една од најпознатите пијанистки на класичната музика денес, ќе биде солист на вечерашниот концерт на Македонската филхармонија и ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Сергеј Рахмањинов.

Концертот, насловен „Атрактивната Лисица“, ќе го води диригентот  Габриел Бебешелеа од Романија, шеф-диригент на Државниот филхармониски оркестар „Трансилванија“ во Клуж-Напока.

„Славната пијанистка Валентина Лисица ја опишуваат како првата Јутјуб-ѕвезда на класичната музика и првиот класичен уметник кој својот успех на интернет го претвори во глобална концертна кариера низ Европа, САД, Јужна Америка и Азија“, соопшти Филхармонијата.

На програмата на вечерашниот концерт е и свитата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top