| четврток, 6 декември 2018 |

Почина професорот Милан Нетков

Почина Милан Недков, професор на Правниот факултет и поранешен уставен судија.

Професорот Недков од 1997 до 2000 година беше претседател на Уставниот суд, во 1974 година беше избран за редовен професор на Правниот Факултет, наставник на редовните студии по предметите: Наука за управувањето и Трговско статусно право, предаваше на студиите по новинарство и на групата Филозофија на Филозофскиот Факултет во Скопје, а на постдипломските студии држеше настава на повеќе курсеви од областа на политичките науки и трговското статусно право.

Повеќе години беше раководител на Одделението за политиколошки истражувања на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, а четири години беше и директор на овој Институт. Недков учествуваше како раководител и истражувач во реализацијата на повеќе проекти, особено посветени на истражување на изборните процеси и јавното мислење.

Повеќе години го уредуваше списанието за теоретски прашања “Погледи” и објави повеќе студии и учебници, како голем број статии и есеи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top