| четврток, 6 декември 2018 |

Второ издание на средношколскиот фестивал „Конект“

Натпревар во скејтање, гејминг, разговори, дружење и свирка се дел од настаните кои ќе се одржат во рамки на вториот гимназиски „Конект фестивал“ од 23 до 28 април.

Фестивалот е покренат по иницијатива на група ученици и поранешни ученици од петте скопски гимназии „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Јосип Броз Тито“, „Георги Димитров“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“.

Како што посочуваат организаторите, целта на фестивалот е за прв пат да се организира настан за учениците, кој воедно ќе биде интерекативен, меѓугимназиски и различен од се што имало до сега.

– „Главната идеа на фестивалот е да се организира настан, со кој ќе биде стимулиран соживотот на младите во време кога тој беше, и се уште е, во извесна мера запоставен. За развојот на младите да се одвива по нагорна линија, потребно е да се има регуларна интеракција со различни луѓе. Преку запознавање на различни карактери, како на врсници така и на неврсници, можат средношколците да спознаат нешто повеќе за себеси. Преку разбирањето зошто еден друг млад човек се интересира за тоа што се интересира, можат средношколците да осудат дали со тоа се сложуваат или не и преку тоа да формираат сопствено мислење за одредената тема. Токму развивањето на свеста и интеграцијата во општеството се најважните придобивки од овој фестивал за младите генерации. Големиот диверзитет на настани им дава можност на средношколците да стапат во контакт со разновидни карактери со уште поразновидни мислења за темите на настаните“, велат организаторите.

Организаторите посочуваат дека нивниот план е „Конект Фестивал“ да стане обележје на младата популација во Република Македонија и да премине во традиција.

Оваа година фестивалот ќе се содржи од 5 настани, по еден во секоја гимназија, а кулминација ќе биде музичкиот концерт кој ќе се одржи последниот ден во „Школка“ во градскиот парк.

Фестивалот ќе започне во гимназијата СУГС Јосип Броз Тито, во кој деца од петте гимназии ќе се натпреваруваат со скејтборди. Вториот ден активностите се селат во СУГС Орце Николов каде ќе има креативно катче каде што учесниците ќе можат да научат да цртаат и купат ,,Doodle Art“ од професионалци, а воедно ќе можат и рачно да си ги обноват или декорираат своите стари патики и велосипеди со акварелни бои. Едукативниот третти настан во СУГС Раде Јовчевски Корчагин ќе биде исполнет од неколку успешни познати луѓе кои во улога на говорници ќе им ги пренесат своите успеси и падови на средношколците. Четвртиот ден активностите се селат во СУГС Георги Димитров, кој ќе се состои од друштвени игри Последниот настан за работната недела со името Рандеву ќе се одржи во СУГС Никола Карев каде што учесници од спротивниот пол ќе треба на дадена тема да зборуваат 5-10 минути пред да мораат да сменат партнер за зборување. Завршниот музички настан ќе се одржи на заемна територија, школка во парк, каде што средношколците ќе можат да се забавуваат на музика од различни жанрови.

Конект Фестивал е без сомнение една идеја, со која може да се обедини младата популација. Истече времето кога младите беа само безгласна буква во нашава држава. Преку овој фестивал младите ќе добијат глас, единство и место во нашево општество, привилегии што досега ги немале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top