Лука Лазукиќ тврди дека не ја тепал Наташа Беквалац, дека таа тоа утро кога излегол од станот, немала модрици и исекотини по лицето.
-Нападот беше врз мене. Прво агресивно будење, а потоа вербален напад. Физички ме нападна ударајќи ме по тело. Тогаш јас ја тргнав и се обидов да зборувам со неа – тврди за Блиц, Лазукиќ.
Тој дури тврди дека тој е повреден во наводниот напад, но повредите не ги покажал.
-Не можете да ги видите, има кој да ги гледа. Јас околу 9.45 утрината ги бакнав својата сопруга и ќерка и излегов од станот. Таа тогаш немаше повреди – рекол Лука.
На прашањето како е можно веќе во 10 часот, Наташа да отишла со модрици во Ургентниот центар, Лазукиќ рекол дека „таа отишла после тоа“.
-По моето изглегување од куќата, очигледно. Што се однесува до подливите на рацете и нозете, таа идеше на антицелулитна масажа – рекол Лазукиќ.
На прашањето дали алудира дека Наташа Беквалац сама себеси си нанела повреди, Лазукиќ рекол:
-Зошто да е невозможно?Јас не сум крив, судот нека реши. Секако дека ќе се борам за вистината, не само мојата туку за вистината на сите мажи кои го претрпеле ова од неа и кои работат по шаблон. Таа жена е подготвена на се. Дали таа може тоа самата на себеси да си го направи, дали може самата да си нанесе повреди, дали некој друг тоа може да и го направи поради се? Јас бев во станот на моите родители, бидејќи отидов по моето дете кое таму спиеше, и требаше да одиме на село. Тогаш дознав се од медиумите и во шок сум два дена- рекол Лазукиќ.
Обвинетиот за претепување на сопругата додал дека против Наташа поднел крвична пријава за клевета.
-Јас својата жена не ја претепав и не ја влечев по станот. Од каде и се повредите, прашајте ја неа. Ако таа не знае, тогаш тоа ќе го утврдат обвинителството и судските вештаци. Го осудувам насилството над жените. А уште повеќе ги осудувам лажните пријави поради користољубие, поради сите жени кои реално се жрвти на насилство – додал Лазукиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На Наташа ѝ се заканувал другар на Лука, судирот го спречила полицијата: За малку избегната драма пред Центарот за социјална работа!
-
Гиро, ѕаѕики и пет светилки: Ѕирнете во бизарниот список поради кој Лука од Наташа бара 160.000 евра
-
Лука бесрамно ја уценува Наташа: Ѝ бара половина од целиот имот и старателство над Катја
-
Лука сковал план како да ја уништи Наташа, а овие детали ќе ве шокираат!