Директорот на Штипскиот затвор потврди – обвиениот во случајот „Монструм“ и осуден за друго дело, повеќе од 50 дена го водат како лице во бегство. Мики Тодоров бил известен од судот дека Азири одбил прекин на казната во времетраење од еден месец, но по истекот не се вратил во затворот.
“Фејзи Азири побарал од управата за извршување санкции прекин на казната која што ја издржува во затворот во Штип. Оттаму е одбиено ,а тој го користи правото на жалба до министерот за правда којшто му ја уважува жалбата и тој добива отсуство од 30.01 до 28 февруари. На 28 Феруари затвореникот Фејзи Азири не се враќа во затворот во Штип и ние го водиме како лице во бегство“, вели директорот на штипскиот затвор.
Потпис на прекинот на затворската казна ставил минситерот за правда Билен Салји, кој неодамна си даде оставка. Последен се огласи Кривичниот суд кој потврди дека го одбил барањето за продолжување на прекинот, но Азири сеуште е на слобода додека трае постапката.
„По извршениете увиди и добиената лекарска документација, судот на 29.03.2018 донел решение со кое се одбива барањето за продолжување на прекинот. На ова решение одбраната на посоченото лице има поднесено жалба до Кривичниот совет во законски утврдениот рок, по која жалба советот треба дополнително да одлучи“, велат од Основниот суд Скопје 1.
Фејзи Азири се лекува на Клиниката за пулмологија, вака адвокатот го оправда неговото отуство на дненешното прво рочиште за повтореното судење за убиствата кај Смилковското езеро.
На оскудната лекарска докумантација реагираше и новата обвинителката во случајот Фатиме Фетаи, но не побара притвор за овој обвинет. Заради отсуството на Азири, судијата го одложи рочиштето, но го сослуша Горан Наќевски таткото на убиениот Александар, кој изнандувачки побара од судот претерес во седиштето на СДСМ и стражарско обезбедување на премиерот Зоран Заев, бидејќи им ветувал нови докази од прислушуваните материјали за вмешаност на партиски функционери од ДУИ.
„Кога бевме кај Заев рече дека ќе ни даде 6 разговори државна тајна за 6 функционери на ДУИ. Но, подоцна тие станаа 5. ДУИ тогаш беше нивни противник. Заев ни ги покажа транскриптите, ни го посочи Невзат Бејта и ни покажа транскрипт од разговор меѓу Невзат Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде тие 5 државни тајни“, рече Наќевски.
Братот на Фејзи Азири одгвори на семејствата на убиените дека е точно дека постојат разговори на политичари, но добро би било да се слушнат во судницата за што поскоро да се дојде до вистината.
Од една страна судијата Огнен Ставрев, од другата за прв пат откако го презеде случајот триото обвинители од СЈО, Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска и Гаврил Бубевски како што соопштиај во суднцата – Подгтовени да го иструкаат случајот до крај и во повторнеото судење да докажат кој и зошто на 12 април 2012 та ги убие четирите момчиња и рибарот Борче Стефковски крај смилковското езеро.
извор: телма.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“