Денешното рочиште за „Монструм“ е одложено за 15 мај, но и покрај тоа, збор побараа родителите на една од жртвите, убиениот Александар Наќевски, кои побараа судот да ја утврди вистината за тоа што се случувало.
– Судот и обвинителството да ги утврдат улогите на обвинетите, дали се извршители или помагачи. Бараме и да се декодираат броевите кои во пресудата се заведени како државна тајна, а се на функционери од ДУИ – рече Зорица Наќевска, мајка на Александар.
Таа побарала во истрагата да се вклучат лицата кои ги посочил заштитениот сведок, а прочитала и транскрипт од разговор кој се водел меѓу обвинетиот Азири и едно од непознатите лица, пишува Фокус.
„Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не не го довршив тој никаквец“.
Потоа, од судот побарала да им го вратат мобилниот телефон на синот, по што посведочила и за моментите кога им ги донеле телата на убиените:
– Децата ни ги убија во четврток вечерта, во петок ни ги донесоа, а нивните очи беа отворени. Сѐ до саботата, додека да ги погребаме, им течеа солзи. Сите тие што го извршија грозоморниот чин да се плашат од тие солзи – заврши Зорица Наќевска, наведе Фокус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Децата беа легнати на стомак и сретнавме маж со пушка: Сведок од Смилковско Eзеро се онесвести!
-
„Заев е поголем монструм од убијците“ – таткото Наќески за маскарот кај Смилковското Езеро (видео)
-
Љубчо Георгиевски за случајот „Смилковско езеро“: СДСМ повторно се има фатено во оро со ѓаволот
-
Врховен суд ја одложи седницата за „Смилковско Езеро“


