Еден маж загина, а жена е тешко повредена во експлозија на бомба што се случила во 21:40 часот во близина на ресторанот „Беле зоре” на зрењанинскиот пат во Белград, јави Б92. До експлозијата дошло во еден автомобил, паркиран на паркингот од ресторанот „Беле зоре”, оддалечен од објектот стотина метри. Според вработените во ресторанот, поради оддалеченоста на местото на експлозијата, нема оштетувања на ресторанот, кој функционира нормално, но на паркингот има скршени стакла на други автомобили. Според српските медиуми, мажот и жената биле заедно во автомобилот, кога била активирана бомбата.
Очевидци велат дека пред експлозијата слушнале женски глас како вика помош, по што се слушнала страотна детонација. Мажот и жената на возраст од 50-тина години се пренесени во Ургентниот центар во Белград. Неофицијално мажот и жената седеле во автомобилот „пежо” и се расправале. Мажот држел бомба, која под засега необјаснети околности, експлодирала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драма во Франција: Жена со бомба се заканува дека ќе разнесе банка во Ним
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил



