| четврток, 6 декември 2018 |

„Брит Флојд“ ќе настапат на сцена со 100 светла, ласери и препознатливот круг

На 14 ноември во Скопје доаѓа „Брит Флојд“ со масовна продукција и како што вели Damian Darlington којшто е основач на овој бенд, вредна милион долари.

Во ВИП Арената во Скопје ќе бидат поставени околу 100 светла, ласери, како и препознатливиот тркалезен круг, а сето тоа ќе биде синхронизирано со специјална видео анимација која ќе ја има во текот на целото шоу.

Концертот на Brit Floyd во Скопје кој е во рамки на турнејата „Тhe Eclipse world tour“ ќе трае два ипол часа, а членовите на бендот (девет на број) ќе го претстават најдоброто од еден од највлијателните рок бендови на светот на сите времиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top