| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски ги бодреше Вардарци

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски го следеше натпреварот меѓу екипите на Вардар и ППД Загреб кои се бореа за шампионскиот трофеј во регионалната СЕХА лига.

Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во СЕХА лигата, победувајќи го ППД Загреб со резултат 26:24 во денешното финале на фајнл-фор турнирот кој се играше во салата во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

„Црвено-црните“ ја освоија својата четврта титула во регионалната лига со уште еден квалитетно одигран натпревар, иако хрватскиот шампион ја одржуваше неизвесноста до последните десет минути. Вардар по 50-та минута направи серија од 4:0 и со предноста 25:20 го реши победникот.

Штербик имаше 8 одбрани, а во нападот најрасположени за реализација беа Циндриќ и Криштопанс со по 5 голови. Кај ППД Загреб, најефикасен беше капитенот Хорват со 8 голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top