| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска забрана за возење шлепери на жешко време

kamioni-granica

Од денеска до 31 август ќе биде забранет сообраќајот за тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони во деновите при екстремно високи температури и во деновите на викендов, информира Министерството за транспорт и врски.
Новото правило ќе важи и следните години, а се однесува на државните патишта.

Забраната за деновите од викендот е во петок од 17 до 22 часот; во сабота од 9 до 19 часот и во недела од 9 до 22 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11 до 17 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати и превоз на опасни материјали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top