Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа нов скок на ВТА листата и го продолжи својот поход кон врвот.
На денешното рангирање, тетовчанката забележа скок од девет позиции и сега се наоѓа на 171. место со вкупно 313 бода. Овој пласман е ново нејзино најдобро рангирање во кариерата, а се должи на пласманот во финалето на ИТФ турнирот во Тунис, каде Ѓорческа заработи 48 поени.
Квалификациите за Ролан Гарос кои ќе почнат оваа недела се следниот предизвик за Ѓорческа, која повторно ќе се обиде да обезбеди пласман во главната ждрепка на Грен слем турнирот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.