На височините каде што царуваат орлите, земјата има посебно значење и за многумина е доста мистериозна. Оградата кај црквата „Свети Петар“ е обвиткана со бодликава жица и наместо столбови стојат испукани авионски бомби. До ова место постои дупка во која лежат стотици черепи и коски на војници за кои се претпоставува дека се уште од преиодот на Првата светска војна.
Голем број од граѓаните сметаат дека тука се наоѓа пеколот, односно ужасот од 1918 година, па затоа и самата дупка е позната како дупката на ужасот на Кајмакчалан.
Швајцарецот Ричард Арчибалд Рајс по професија бил воен разузнувач, но работел и како новинар, кој известувал за познати светски весници и новински агенции. За време на неговите патешествија низ Македонија, додека беснеела Големата војна, тој водел дневник и пишувал писма кои се собрани и документирани и претставуваат значајно сведоштво за настаните кои се случиле на линијата на Солунскиот фронт.

Кајмакчалан се наоѓа на висина од 2.522 метри. Во дневникот на овој швајцарски воен разузнавач е опишано дека овој врв во својата утроба чува илјадници коски на незнајни војници кои заедно со мртвите од останатите бојни полиња низ светот ја создадоа светската кланица во која загинаа над 15 милиони луѓе. Тој во својот дневник детално го опишал местото познато како дупката на ужасот кое се наоѓа на територија на Македонија.
„Некаде до месноста Старков гроб на Ниџе, стотици трупови, немаше време да се закопаат сите жртви на оваа кланица и рововите се полни. Телата останале во положба во која смртта ги изненадила. Мртви Срби и Бугари лежат едни покрај други, еден војник изгледа како со својата замрзната рака пред да загине од шрапнел, барал бомба во џебот од својот шинел. Еден сосема млад човек се гледа дека го бутнал на грб куршум кој го погодил среде чело. Насекаде околу нас страв и ужас.
Кајмакчалан – борбата траеше три часа, метеж кој не може да се опише. Низ чад и магла се гледа како светкаат бајонетите и се слушаат експлозии од бомби. Во 11.30 часот бугарската војска го напушта Кајмакчалан и се движат во правец на Црна. Французите и Србите се радуваат на врвот, каде што ветрот ги удира облаците врескајќи. Орли и гаврани крстосуваат по воздухот, чувајќи стража околу боиштето и местото на очајот“, запишал Рајс.
Загинатите војници после секоја битка биле закопувани во масовни гробници бидејќи немало време за поединечни погреби. Сите закопани и коските кои се пронаоѓале по завршувањето на војната во 1921 година биле сместени во спомен-костурницата, која е изградена веднаш до црквата „Св. Петар“.
Извор: Плус24
Фото: Интернет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Угриновски не сакаше да коментира за лиценцата на водичот: Вие не сте обвинител да ви одговарам
-
ЦУК не се вклучил во потрагата бидејќи Калина и Александар биле на грчката страна на Кајмакчалан
-
Извлечени телата на планинарите на Кајмакчалан: Итната служба чека во скијачкиот центар
-
Момче и девојка, планинари од Македонија загинаа на Кајмакчалан?


