| четврток, 6 декември 2018 |

ЦУК не се вклучил во потрагата бидејќи Калина и Александар биле на грчката страна на Кајмакчалан

Центарот за управување со кризи формирал тимови за спасување на двајцата планинари, Калина Велевска и Александар Миновски, но тие не биле вклучени во потрагата бидејќи чекале од грчките колеги да ги известат дали планинарите ја ја поминале граничната линија на врвот на Кајмакчалан и се наоѓаат на македонска територија, јавува „Макфакс“.

До Центарот за управување со кризи, порталот испратил прашања, со барање на конкретни одговори за тоа во колку часот бил мобилизиран тимот на управата и колкумина биле вклучени во потрагата, дали тимот дејствувал на терен и какви мерки се преземале за пронаоѓање на сега починатите Калина и Александар, но тие не одговориле.

Од таму само кусо информирале дека првата дојава за настанот ја добиле во 03:50 часот изутрина, кога во битолскиот центар за управување со кризи пристигнала информација дека на планината Кајмакчалан, од грчка страна кај Лутраки, се изгубени две лица планинари на планинарското друштво „Трансверзалец“ – Скопје.

– Веднаш е стапено во контакт со МВР, СВР Битола, Пограничната полиција, ДЗС – Битола, кои веќе биле запознати и подготвени да започнат потрага по изгубените лица, изјавиле од ЦУК за порталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top