Снимката во случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, не се гледаше во судница ниту денеска. Ќе се чека Апелација да одлучи дали новинарите и јавноста ќе бидат присутни во судница кога истата ќе се пушта на рочиште.
Денеска во судница околу еден час одекнуваа само телефонските разговори кои исто така се прибрани со ПИ-мерките, но судот одлучи новинарите и останатата јавност да бидат исклучени.
Рочиштето заврши, а телефонски разговори ќе се слушаат и на наредното рочиште во понеделник.
Заев во случајот е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов – Сачавалиев за да му легализира градежно земјиште. Заев вели дека во тие разговори нема никакви докази, тоа се разговори на градоначалник како со секој друг граѓанин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.