| четврток, 6 декември 2018 |

Набавката на „Мерцедесот“ беше неопходна, со старите амортизирани блиндирани возила имавме низа компликации

Уште еден сведок ја потенцираше насушната потреба од набавката на блиндирано возило за превоз на важни личности од висок ризик. Началникот на Одделот за обезбедување на личности и објекти при МВР, Миомир Антиќ, кој има долгогодишно искуство со обезбедување на екс премиерите Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски, како и во Одделот за претходница и поддршка за обезбедување на странски делегации, беше сведок на денешното рочиште за случајот „Тенк“.

Тој пред судот раскажа неколку настани, каде поради амортизираните стари блиндирани возила, настанале безбедносни компликации при посета на некои вип личности како што биле амбасадорот од Албанија, претседстелот на Руанда и други. По овие незгоди, морале да се нарачуваат блиндирани возила од Р. Бугарија.

Антиќ го спомена и атентатот на претседателот Киро Глигоров, и рече дека доколку претседателот се возел во адекватно блиндирано возило, возачот Александар би починал од природна смрт, а претседателот немаше да има последици од таквиот диверзантско – терористички чин. Сведокот исто така, изјави дека во блиндираното возило, според Законот, се превезуваат претседателот на државата, на Собранието и на Владата, како и министрите за одбрана, внатрешни и надворешни работи. Се работи за 24 часовно обезбедување со сите сегменти на Секторот на шревентивно обезбедување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top