Британскиот принц Хари и неговата свршеница Меган Маркл не ги поканија на свадбата Тереза Меј и Џереми Корбин. Одлуката да нема „официјален список“ со политички лидери на кралската венчавка значи дека ни американскиот претседател Доналд Трамп нема да добие покана.
Одлуката била донесена поради ограничениот број на места во црквата и фактот дека Хари е само петти во редот за наследување на престолот.
Исто така е потврдено дека поранешниот американски претседател и првата дама Барак и Мишел Обама, кои се блиски пријатели на принцот, не се поканети на венчавката.
На кралската венчавка на 19 мај во замокот Виндзор ќе има 1.200 „обични смртници“ од јавноста.
Двојката веќе најави дека не сака класични свадбени подароци, туку објави листа на добротворни организации што двајцата ги поддржуваат и ги повикаа заинтересираните и гостите да донираат на нивните сметки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расте од ден во ден: Нови фотографии од бремената Меган Маркл!
-
Надвор од протоколот: Меган размислува да се породи дома!
-
Не можела веќе да издржи: Помошничката на Меган која даде отказ, откри страшни детали за кралското семејство!
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти