| четврток, 6 декември 2018 |

Се реновира куќата на Мијалкови

kuka mijalkov

фото: Дневник

При крај е реновирањето на куќата во штипско Ново Село, во која се родиле загинатиот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков и неговата сестра Нада, пишува весникот „Дневник“ во репортажата за Ново Село, кое е родно место на голем број истакнати личности.

„Некои од куќите градени во стар македонски стил почнаа да се санираат. Kуќата на Станчеви е завршена, во завршна фаза е куќата на Мијалкови, во тек е и реконструкцијата и конзервацијата на куќата во која се претпоставува дека под кирија живеел Делчев, а новоселското училиште во кое предавал е во завршна фаза на реконструкција и од есен треба да биде ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“, пишува „Дневник“.

Во Ново Село 16 куќи се ставени под заштита на државата, а нивните сопственици ќе добијат стручна поддршка во конзервацијата и надзорот, објаснува Зоран Читкушев, директор на штипскиот Завод и музеј.

– Под заштита на државата се ставени 16 куќи. Тие имаат сопственици, кои ја имаат нашата стручна поддршка во конзервацијата, надзорот. Има интерес за обновување, а со таа намера три од тие 16 куќи купи кардиохирургот Жан Митрев. И локалната самоуправа и градоначалникот Захариев се расположени да се забрза решавањето на проблемот. Годинава заеднички ќе конкурираме и за средства за реконструкција и за конзервација на пет фасади на куќите – вели Зоран Читкушев, директор на штипскиот Завод и музеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top