| четврток, 6 декември 2018 |

Од денес лекови само на електронски рецепт

lekovi

Од денеска стартува електронскиот рецепт како дел од интегрираниот здравствен информатички систем, информираат од Министерството за здравство.
Матичниот лекар ќе го препишува лекот по електронски пат. Пациентот за да ја подигне терапијата во аптека не мора да има електронска здравствена картичка, туку потребно е само да го каже матичниот број или бројот на здравственото осигурување што е внесен на здравствената легитимација.
Според надлежните, на тој начин се добива многу помалку документација, а многу поголема евиденција за тоа што се случува во системот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top