Во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ Скопје“, а во соработка со НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид“, НУ „Охридско лето“ и Општина Охрид денеска во поткровјето на средното училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид почна меѓународната летна архитектонска школа насловена „Архитектурата како перформанс“. Проектот „Креативен Охрид сега“ ќе се реализира до 7 јули, а тематскиот опфат на школата е насочен кон три главни компатибилни области на делување: архитектура, визуелни уметности (дизајн) и урбанизам.
Со Меѓународната летна школа за архитектура и дизајн почнува реализацијата на заложбите фестивалот „Охридско лето“ да живее преку целата година, односно да има активности и надвор од традиционалната уметничка рамка 12 јули – 20 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.