| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки цариници ги откорнале регистарските таблички на неколку Македонци кои излегувале од земјата!

Наспроти желбите на Заев и Димитров да градат пријателска атмосфера со нашиот јужен сосед, дури применувајќи го и автопатот кој не поврзува со Грција во „Пријателство“, по се изгледа дека комшиите не ни се толку пријателски настроени, пишува „Инфомакс“.

Околу 10-тина граѓани останале без своите регистерски таблички врајќајќи се од продолжниот Велигденски викенд во Грција, откако смената цариници на Евзони решиле дека им сметаат табличките на возилата поради ознаката „МК“.

Според еден од оние кои останале без табличките, цариниците се однесувале арогантно и буквално ги откорнале табличките на 10-тина возила, велејќи им дека „нема Македонија, Скопје“. Им дале документ дека им се одземени и ги испратиле на пат. Според оштетениот, табличките треба да си ги земе во наредните денови во полициската станица во Поликастро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top