| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Воден вторник: Само една работа е важна, а ако некој не ја направи, во животот ќе му оди лошо

Светол, Воден или Воскресен вторник е вториот ден по Велигден. На овој ден се продолжува прославувањето на најголемиот христијански празник, но за него се врзуваат и бројни народни верувања.

Во народот овој вторник се смета за најдобар вторник во целата календарска година.

Поради тоа единствена работа која верниците мора да ја почитуваат, е да ја делат радоста со блиските. Народното верување вели дека оној кој ќе се оглуши од ова едноставно правило, му прокоси на Бога и Христос и во животот нема да му оди како што треба.

Поради тоа во некои краеви, токму на денешен ден се одружуваат свадби, бидејќи ова време се смета за посебен благодет, па се сака тоа блажество да се пренесе и на новите сопружници.

Старите веруваат дека на денешен ден добро е да се оди во посета или да се тргне на пат. Исто така ако дете се роди на овој ден, ќе биде среќно и догловечно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top