| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Велигденски вторник, најдобар ден во годината – една работа мора задолжително да направите!

veli

Светлиот или Велигденски вторник е втор ден по Велигден, кога продолжува прославувањето на најголемиот христијански празник, како во црквените богослужби, така и во домовите на православните верници. Службите се исти како и во претходните два дена.

На денешен ден продолжуваат гозбите и веселбите, на кои се гоштеваат роднини, кумови, соседи и пријатели. На денешен ден се собираат роднините и од подалечните краеви.

Во народот овој вторник се смета за најдобар вторник во целата календарска година. Во некои места се прават и свадби бидејќи се верува дека овој ден и славењето ќе им донсесе благодет на новите сопружници и нивното новоосновано семејство.

Поради тоа единствена работа која верниците во овие три дена мораат да ја почитуваат, е да ја делат радоста со блиските.

Народното верување вели дека оние кои ќе се оглушат од ова и во овие денови тагуваат, му пркосат на Бога и Христос и во животот нема да им иде како што треба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top