
Велигден важи за еден од поомилените празници на домаќинките. Овие неколку дена пред, но и за време на празникот припадничките од понежниот пол се натпреваруваат околу тоа која ќе има подобро декорирана празнична трпеза и бојадисани јајца, а имуни на ова не се ниту познатите дами кои, исто така, обрнуваат големо внимание околу украсувањето на јајцата и поставувањето на трпезата.
Една од нив е и пејачката Наташа Крстевска – Мијата која оваа година воскреснувањето на Исус Христос за прв пат ќе го прослави во селото Долно Дупени, кое се наоѓа во Преспа, а е родното место на нејзината мајка. Заедно со семејството ќе одат на молитва во селската црква, а во куќата која ја имаат таму ќе бојадисуваат и јајца, пишува Вечер пресс.
– Оваа година нашето семејство ќе го пречека Велигденот во село Долно Дупени, Преспа. Иако јас сум по мајка од таму и летните месеци сум ги минувала на Преспанското Езеро, никогаш досега не сум била во Дупени за Велигден. И искрено сум возбудена и нетрпелива. Сакаме децата да ги носиме во селската црква за утринската литургија и да ги поминеме сите тамошни обичаи. Од подготовки ни требаат само бои и добро расположение, зашто свежи јајца селски има во изобилие и сме спремни за бојадисување, открила Мијата која оваа година ќе има помош кога станува збор за декорациите на јајцата, а главни асистенти ќе и бидат синот Калин и ќерката Никита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Акустичната кабаре претстава „Јаболки и круши за уметнички души“ на Мијата вечерва во Македонска филхармонија
-
Акустичната кабаре претстава „Јаболки и круши за уметнички души“ на Мијата во Македонската филхармонија
-
Мијата манекенка на Моден викенд Скопје
-
„Дај ми да бидам човек свој“ – порачува Мијата (видео)


