„Раѓајте се, множете се, наполнете ја Земјата и вледејте со неа“, им порача на верниците преспанско-пелагонискиот митрополит и администратор на австралиско-новозеландската епархија на МПЦ-ОА, г. Петар, по повод празникот Рожденство Христово – Божик.
Оваа порака, како што пренесува МИА, митрополитот ја упатил на вчерашната средба со новинарите, упатувајќи прекор до побогатите семејства, кои, како што оценил, заради кариери и комодитет тешко се решаваат да имаат деца.
– Православна вера проповеда дека треба да се исполни Божјата заповед – раѓајте се, множете се, наполнете ја Земјата и вледејте со неа! Статистички е докажно дека раѓањето на децата е поприсутно кај посиромашните семејства споредено со побогатите бидејќи кај богатите семејства е нагласен егоизмот. Тоа во голема мера е заради кариери и комодитет во животот и затоа тие не раѓаат. Оние што имаат можност да родат деца, треба да родат без да се спречуваат раѓањата, порачува митрополитот преспанско-пелагониски, г. Петар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Божикната пиеса „Новиот цар“ од Томислав Османли објавена во пресрет на Божик
-
Подгответе се навреме: За Бадник и Божик треба да се врати се што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале
-
Славењето Божик во Северна Кореја е опасно по живот
-
Како е украсен домот на Роналдо за Божик (фото)