| четврток, 6 декември 2018 |

Април е најсреќен месец во годината: Кој се радува во овој месец, ќе се радува цела година, но треба да се чуваме од еден лош знак!

Нашиот народ уште од античко време верувал дека месеците од годината не се исти. Постојат среќни и несреќни, “добри” и “лоши”, онакви кога треба да избегнуваш одредени работи, и онакви кога треба да работите и да се трудите. Така, и на луѓето во зависност во кој месец се родени, започнале да им се препишуваат посени особини. Еве што, според народни верувања, април носи.

Долго време пред хороскопот и астрологијата да станат популарни , народот имал верувања и значења поврзани со секој месец од годината. Еве што предвидува националниот календар за април.
Луѓето секогаш гледаат што се случува во природата. Природата се буди, па тоа е убаво за секого. Според древните верувања со будењето на природата сите стари грижи заминувале, и дека април е месец за смеење и добро расположение.

Кој се радува во овој месец, ќе се радува целата година. Април е добар месец за свадба. Народната мудрост вели: Омажи се во април ако можеш, задоволство за неа, задоволство за него.
Само среќни настани се поврзани со април. Постои само еден лош знак. Доколку Април е сув. Постои една изрека: ” Ако април е влажен, тогаш е и добар”.

Децата родени во април се ведри, верни и добронамерни.
Родените во овај месец се омилени во друштвото затоа што сакаат забава,а чувањето тајни им е специјалност. Сепак тие можат да бидат и тврдоглави, па тешко примаат совети дури и ако се добронамерни.
Здравствено, треба да се чуваат од цревни болести и главоболки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top