| четврток, 6 декември 2018 |

Вечер на стендап-комедија со Неша Бриџис и Марјан Ѓорѓиевски

По пауза од речиси една година, српскиот мајстор на стендап-комедијата, Ненад Даниловиќ, многу попознат како Неша Бриџис, повторно ќе гостува во Македонија. Овој пат вечерта ќе ја дели со најдобриот македонски актер и стендап-комичар Марјан Ѓорѓиевски.

Вечер на стендап-комедијата ќе се одржи в среда, 3 јули во летниот клуб „Колосеум“ со почеток во 21 часот, а водител на настанот ќе биде Жарко Димитриоски од „Еден на еден“, кој редовно ги собира најдобрите од балканската стендап-сцена. Ова е прв поголем стендап- настан по „Балкан стенд ап 3“, а во очекување на четвртиот голем стендап-фестивал во клубот „Колосеум“ имате загарантирано смеење.

Билетите може да се најдат на билетарницата на клубот по специјална фестивалска цена од 200 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top