| четврток, 6 декември 2018 |

Секој ден има по 8 Македонци помалку и по 13 Албанци повеќе

bebinja

Поразителни демографски податоци произлегуваат од анализата на бројките на Државниот завод за статистика што ја направил весникот „Дневник“.

Според официјалната статистика на Државниот завод за статистика, дневниот весник пресметал дека секој ден во Македонија има по 8 Македонци помалку од претходниот. Наспроти тоа, расте бројот на населението од албанско етничко потекло. Секој ден, бројот на Албанците расте за 13 лица.

Според анализата на „Дневник“, лани умреле 14.823 Македонци наспроти 11.995 новородени деца од македонска националност, што значи дека бројот на мнозинскиот народ во земјава се намалил за 2.828 лица.
Наспроти овие податоци, лани се родиле 8.035 Албанци, а починале 3.416, што значи дека нивниот број се зголемил за 4.619 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top