| четврток, 6 декември 2018 |

Не е чудно што е толку убава – Нихан има интересно потекло

Убавата Неслихан Атаѓул е родена на 20 август 1992 година во Истанбул. Потекнува од скромно работничко семејство. Нејзиниот татко е возач на автобус, а мајка ѝ домакинка. Мајка ѝ по потекло е Белорусинка, а татко ѝ Черкез.

Таткото на Неслихан Јашар Шенер Атаѓул, починал во 2016, пред свадбата на Неслихан и Карир

Черкези се кавкаски народ кој живее во Турција, Сирија и Русија. Во Русија тие се населени во автономната република Карачаево-Черкесија. Повеќе од черкезите се со муслиманска вероисповед и го зборуваат черкескиот јазик. Вкупниот број на Черкези е околу 400 000 од кој 200 000 живее во Турција.

Неслихан и Кадир со нејзината мајка

Токму оваа мешавина е заслушна за несекојдневната убавина на младата Неслихан.

Таа има брат Илкај.

Се запишала на студии по глума на Универзитетот „Једитепе“, но ги ставила во мирување. Планира кога ќе ги заврши студиите во Турција, да замине на усовршување во стрнаство.

Како и многу други актери во Турција, првите чекори ги направила во манекенството во 2005 година. Два месеци подоцна ја добила првата улога во филмот „Прва љубов“. Првиот филм ѝ ја донел и првата награда – „Актерка во подем“. Последна голема улога ѝ е улогата на Нихан во „Карасевда“, серија која се снимала во све сезони 2015-2017.

На снимањето на серијата „Двете лица на Истанбул“ во 2014 година го запознала сопругот Кадир Доулу, со кого е во брак од август 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top