| четврток, 6 декември 2018 |

Адвoкатката Џандан разорува и на платното и во приватниот живот

Убавата и злобна адвокатка Џандан од „Парампарче“ колку што е разорна за животите на главните актери во серијата, толку е разорна и за животите на луѓето околу неа во приватниот живот.

Аху Јагту и беше најдобра другарка на актерката која постигна светска слава со улогите во Сила и Езел, Џансу Дере. Тие беа нераздвојни и ги делеа сите тајни, но и меѓусебно си го чуваа грбот од досадните папараци. Во есента 2011 Џансу и комичарот Џем Јилмаз (43) ја прекинуваат бурната врска, а по месец или два актерката од медиумите дознала дека Џем се жени и тоа со нејзината најдобра другарка Аху!

Сол на раната беше и веста дека Аху е трудна.Парот се венчаше во мат 2012, а во август истата година Аху го роди синот Кемал. Но само по една година беше јасно дека тие повеќе нема да можат да издржат заедно, па така Џем се сели од куќата на 31 декември 2013, а потоа и службено ќе се разведат. Актерот џентламенски ќе ѝ го остави сиот имот на Аху. Медиумите се обидуваа да ги пронајдат причините за нивиниот развод, па прво што им дојде на ум беше Џансу Дере. Така се појавија текстови дека Џансу и Џем повторно се во врска, но Дере демантира.

-Никогаш не би се согласила да бидам втора жена, изјави Дере.

По разводот Џем почна да ги менува девојките како чорапи. Аху, пак, му се посвети на синот и кариерата, па така ја прифати и улогата во серијалот Парампарче. Улогата ѝ била мала, требало да се појави во само неколку епизоди, но таа брилијантно го изгради ликот на бездушна жена со ангелско лице, па сценариото е доработено и улогата е проширена.

Од друга страна и Келам порасна, па сака да има брат и сестричка, па затоа парот одлучи да си даде и втора шанса.

Но преубавата Аху има свои услови.

Таа како што велат некои турски медиуми би можела повторно да се омажи за Џем но само доколку тој исполни некои услови, односно ако престане да брка други жени, таа е подготвена да му роди и второ дете, откри неименувана пријателка на Аху.

Во меѓувреме турските медиуми ја поврзуваат со актерот кој го игра мајсторот Енгин.

Ни Шехеразада ни Хурем, таа е најплатената турска актерка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top