| четврток, 6 декември 2018 |

Романец не може да докаже на суд дека е жив

Романецот Константин Релиу не успеал да го убеди судот дека е жив, откако неговата сопруга го прогласила за мртов.

Поради тоа Релиу покрена нов процес и поднел жалба за поништување на умреницата. Воедно тој поднел тужба против сопругата за враќање на неговите средства.

Претходно судот во романскиот град Васлуј ги отфрли неговите барања, објаснувајќи дека е официјално прогласен за мртов. Од судот наведуваат дека 63-годишниот Релиу го загубил процесот затоа што задоцнил со жалбата.

Релиу во 1992 година заминал да работи во Турција, по што загубил секаков контакт со семејството. Неговата сопруга, бидејќи немала никакви информации за него, успеала да го прогласи мртов и да добие умреница во 2016 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top