| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарка и Романец шверцувале мигранти во Македонија

migranti

Бугарска државјанка била фатена кај Демир Капија како превезува шест илегални мигранти, утринава дваесетина минути по полноќ, а вчера кај Табановце бил фатен и романски државјанин кој се обидел тројца Африканци, на кои им обезбедил лажни романски лични карти, да ги изнесе од Македонија преку преминот „Табановце“.

МВР соопшти дека кај клучката за Демир Капија, од страна на полициски службеници бил сопрен автомобил „опел вектра“, управуван од бугарската државјанка И.Д.А. (41), во кое се превезувале шест странски државјани (двајца од Алжир и по еден од Сирија, Сомалија, Ирак и Мароко), кои биле без докуемнти за идентификација и истите имале остварено илегален влез во Македонија. Лицата се приведени во ПС Неготино за понатамошна постапка.

Вчера кривична пријава била поднесена и за романскиот државјанин В.Н.(42) за шверцување мигранти.

Тој околу 6 часот на „Табановце“, на излез од Македонија, е приведен со „сузуки гранд витара“ во која превезувал три лица кои при пасошка контрола дале на увид романски лични карти, а при извршен преглед во возилото се пронајдени две фалсификувани грчки лични карти и два грчки документи за барање азил. По извршениот разговор со лицата е дознаено дека тие се државјани на Сирија и дека привремено престојувале во Грција, каде што за износ од 200 евра од непознато лице ги набавиле романските лични карти. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top