| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштво: Од она што го видов на каса, ми се згади Велигден!

На сајтот „net.hr“ се појави текст на еден читател кој дава реална слика за состојбата во Хрватска, но која може да се прифати речиси во сите земји од регионов, а се однесува на економската ситуација која особено доаѓа до израз пред големите празници, како што е претстојниот Велигден.

Пораката била мошне читана и предизвикала лавина коментари….

-Стојам во непрегледен ред на касата, продавницата е преполна со луѓе кои набавуваат продукти пред Велигден. Попатно поголемиот дел од нив во корпите имаат шунка, јајца, кока-кола и некои колачи.

Пред мене стои млада девојка, бринета, ниска по раст и малку полничка, не би и дал повеќе од 25 години. Бидејќи продавницата ми е во близина на куќата доаѓам тука секој ден ја препознав дека е една од вработените. Секогаш е во движење, трча од една стана на друга во продавницата, колку што забележав повеќе работи од своите колешки, турка гајби со пиво, реди нови производи на полиците, трча до брзата каса и наплатува на нестрпливите купувачи, ќе скокне до инфо-пултот љубезно слушајќи ги рекламациите и стигнува се одеднаш, без застанување, без одмор.

Се загледувам во лицето, на него се гледа умор. не оној умор кој се чувствува по некоја смена на работа, туку умор зад кој се затскриваат наслаги и наслаги умор од секојдневно прекувремено одработени часови, од константна болка во грбот од кревање тешки товари…Косата и е мрсна и неуредно врзана во пунџичка, очите ѝ се празни и гледаат во најблискиот ѕид.

Го спуштам погледот на подвижната лента и гледам две мали пакувања шунка, две парчиња чоколадна торта во пластично пакување и литар евтино вино.

Доаѓа на ред на касата на која се две нејзини колешки, една млада, другата постара, околу 40 години, тазе офарбана во косата со некоја бесна фризура. Според држењето и изгледот се гледаше дека и е надредена. Постарата колешка и се обрати по име и ноншалантно и довикна:

-О, Ирена, па ти имаш шункичка, винце, колачи, се подготвува некаква прослава:, како суптилно да ја зафркаваше.

Девојката полузаинтересирано, видно изнемоштена и исцрпена од работа, без трукна живот и енергија во себе, одговори:

-Што ти е, па мене ова овде ми е недосонуван сон. Ова брат ми ме испрати да купам, и тој плаќа, нема јас пари за нешто такво драга. Не се сеќавам кога последен пат сум пробала шунка или сум изела ваква торта. Немам пари ни за фризура веќе со месеци.

 

Без ниту еден збор во воздухот остана се неизречено. Премолчено помирување – така е, што можеме, подобро сигурно нема да ни биде. Уште еднаш ја погледнав со крајот од окото и забележав една пригушена солза која со сите сили се трудеше да ја задржи и сокрие да не падне пред нејзините колешки или непознатите купувачи. Можеби едно парче торта е за неа, можеби ќе проба и шунка за Велигден, но немаше пари самата да ги плати.

 

После се девојката дојде мојот ред на каса. Додека овие мисли ми поминуваа низ глава, чувствував срам, гадење и без. Оваа девојка која работи како три коња заедно, немаше пари за ниту еден велигденски појадок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top