| четврток, 6 декември 2018 |

Гасоводот останува на Водно – прескапо е да го преместат

Прескапо би било гасоводот кој го сече сртот на Водно и уништува дел од зеленилото да се премести надвор од парк-шумата, пишува „Макфакс“

За да одговори на лавината обвинувања за нов масакр на белите дробови на градот, како што скопјани го доживуваат Водно, Владата минатата недела усвои заклучок со кој ги обврза Министерството за транспорт и врски, Град Скопје и АД „Македонски енергетски ресурси“ во најкраток можен рок да најдат заедничко прифатливо решение во однос на изградбата на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар кај потегот на Водно и во најкус можен рок да продолжи изградбата.

Град Скопје во чија надлежност е парк-шумата Водно и од каде што се очекува најголема грижа за секој милиметар зеленило, административно одговара на прашањата какво решение ќе понуди за проблемот – гасовод на Водно.

-Град Скопје е вклучен во владината работна група и за сите детали треба да се обратите до Владата на Република Македонија, како и за документите што се донесени на државно ниво во функција на реализација на овој проект, велат од Град Скопје, без да откријат што конкретно тие ќе понудат.

Иницијатива за заштита на зеленилото во оваа фаза од разгледувањето на проблемот нема ниту Министерството за транспорт и врски.

-Во однос на гасоводот, ве информираме дека ќе се направи сеопфатна анализа и во согласност со дадените резултати, ќе се одлучи кое е најсоодветно и најдобро решение, е одговорот од Министерството за транспорт и врски на прашањето како ќе ги усогласат барањата на скопјани гасоводот да се симне од Водно каде што се веќе почнати активности за негова изградба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top