Меѓународната кошаркарска федерација одреди дека главниот град на Грција од 4. до 6. мај ќе биде домаќин на завршниот турнир од нивното најсилно натпреварување, пипува порталот „Спорт медиа“.
Арената во Атина ќе биде домаќин на финалниот турнир од ФИБА лигата на Шампионите, одлучија претставниците ан Меѓународната кошаркарска федерација.
Во трката за титулата останаа четири екипи. Меѓу нив ко-организаторот на турнирот, атински АЕК, францускиот Монако, шпанската Мурсија и Лудвисбург од Германија, а двојките за полуфиналето ќе бидат подредени со посебна ждрепка која ќе се одржи на 12 април. Во оваа втора сезона по реформата”, наградниот фонд за победникот изнесува еден милион евра, а лани титулата ја освои шпанскиот Тенерифе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.