
Еден од советниците на Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски е Златко Теодосиевски – осомничен за финансиски малверзации во времето кога извршувал висока позиција во Министерството. Тој исто така е назначен за член на комисијата за ревизија на проектот Скопје 2014.
Теодосиевски успеал да издејствува неговата сопруга Гена Теодосиевска да се вработи. Имено таа благодарение на него е именувана за директор на Фестивалот на филмска камера Браќа Манаки, што несомнено претставува непотизам.
Исто така таа во изминатите години била дел од значајни комисии клучни за стратегијата на филмската дејност, како и селектор или пак уметнички директор на неколку македонски филмски фестивали. Нејзиниот потпис се наоѓа на многу документи и одлуки, како на пример на проектот играна серија “Македонија” за кои се покренати судски спорови.
Наместо на суд, Евгенија Теодосиевска завршува на позицијата директор на филмски фестивал.
Непотизмот продолжува со Донка Барџиева – која ја искористи својата советничка позиција во Македонија за да поддржи издавање на книга на својата родена сестра Кица Колбе.
Низ филмските кругови во Македонија, на големо се зборува дека директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија на распишаниот конкурс за производство на ТВ серија, го подготвува теренот за да му додели проект на неговиот внук и режисер Вардан Тозија, на кој веќе му додели средства за игран филм.
Министерувањето на Алаѓозовски го следат неколку скандали за незаконски отпуштања од работа на десетици административци, докажани професионалци во културата, укинувања на низа погодности за македонските уметници и тотална негрижа за стручниот кадар во администрацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


