| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО – ДПМНЕ: Каевски не може да се испере од одговорност, мора да си поднесе оставка

Дарко Каевски не може да се испере од одговорност со самото тоа што суспендира раководители на сектори и ги обвинува за неговите грешки. Дарко Каевски стои како уредник на збирката за млади поети и со тоа ја има директната одговорност за настанатиот скандал кој е полн со шовинизам и говор на омраза, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Според Член 50 став (1) од законот за организација на органите на државната управа, Директорот кој раководи со орган на државната управа, директно одговара за сопствената работа и работата на органот со кој раководи пред Владата на Република Македонија. Граѓаните бараат одговорност! Младите се засегнати за скандалите кои се случуваат во Агенцијата за млади и спорт. Каевски е директор на институцијата која ги пушти овие таканаречени творби во промет, а истите се делеа во дневните весници за времетраење на викендот, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Каевски мора да си поднесе оставка, и да биде за пример за секој еден носител на јавна функција кој со народните пари ќе финансира шовинизам, сексизам и говор на омраза

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top