| четврток, 6 декември 2018 |

Деца.мк – нов портал за најмилите

Од денес почнува со работа специјализираниот интернет-портал за родители и деца – Деца.мк (www.deca.mk). Го стартуваме токму на денот кога ја одбележуваме седумгодишнината од отворањето на порталот Факултети.мк (www.fakulteti.mk) бидејќи нашиот нов производ претставува продолжување на успешната приказна на тимот кој веќе седум години го создава Факултети.мк.
Во Деца.мк отворено ќе зборуваме за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат родителите и децата, за современите техники на воспитување и учење и сѐ што е потребно за успешно и одговорно родителство и здраво и среќно детство.
За таа цел, нашиот нов портал соработува со лекари, психолози, социолози, педагози, дефектолози, логопеди и уште многу други професионалци од земјава и надвор од неа, секој докажан во својата област. Тие со своите совети секојдневно ќе се обидуваат да го олеснат секој нов предизвик на нашите читатели поврзан со правилното одгледување и воспитување на децата.
Сето тоа ќе го надополнуваме со животни приказни од нашето секојдневие, со приказните на успешни, талентирани и надарени деца, а во нашиот фокус ќе бидат и ранливите групи на кои им е потребна постојана помош за олеснување на функционирањето и за зголемување на квалитетот на нивниот живот.

Деца.мк има заштитен лик – девојчето Биби, кое го создадовме заедно со илустраторот Тхе Мичо, со детската писателка Билјана Црвенковска, режисерот Гоце Цветановски и музичкиот продуцент Бобан Апостолов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top