| четврток, 6 декември 2018 |

Бесни песни од Македонија вечерва на македонска вечер во Лесковац

Ова не е прв пат на покана на организаторите од Лесковац поети од Македонија да учествуваат таму, а дел од нив да настапат во нашата држава како дел од настаните 100 Илјади поети за промена и Астални проекции.

По покана на здружението „Сви.“ од Лесковац, Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ ќе гостува на вечер посветена на „Македонската современа поезија“ на 27 декември 2017 година, со почеток во 20:00 часот во Марфи Паб во Лесковац, Србија.

Настанот е насловен „Бесни песни од Македонија“, а ќе настапат десетина поети меѓу кои: Елена Пренџова, Стефчо Стефанов, Оливера Доцевска, Марјан Минов, Живка Коцева Караџовска, Диме Данов, Сотир Георгиевски, Митко Гогов и Жаклина Свеќаровска, а истиот има мултимедијален формат во кој публиката ќе може да ужива освен во класичното рецитирање, така и во слем поезијата и перформативните презентации.

Ова не е прв пат на покана на организаторите од Лесковац поети од Македонија да учествуваат таму, а дел од нив да настапат во нашата држава како дел од настаните 100 Илјади поети за промена и Астални проекции.

На настапот ќе земаат учество и поети од Лесковац, Врање, Панчево и Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top