Болеста против која се бори Марина Туцаковиќ шокираше многумина и загрижи голем дел од естрадата, а можеби најмногу нејзината пријателка и долгогодишна соработничка, Цеца Ражнатовиќ, која поради тоа неодамна го посетила својот омилен манастир Рајиновац.
Фолк ѕвездата како што пишува Ало, од монасите на Рајиновац, кој инаку редовно го посетува веќе со години, барала да се читаат молитви за здравјето на Марина. Поради тоа таа два дена поминала во манастирот.
-Цеца често иде во Рајиновец, не само за големите верски празници, туку кога и да почувствува потреба за тоа. Ова место и го открил нејзин духовоник, архимандритот Стефан Шариќ, кој минатата година е поставен за старешина на Храмот Свети Сава. На Цеца и годи мирот кој се наоѓа во ова место. Кога и да има недоумница или просто сака да се осами и да побегне од притисокот на јавноста, таа доѓа во манастирот-открива изворот по чии сознанија Цеца, штом дознала дека Марина е тешко болна, почнала да се моли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.