| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Зборот криминал не постои во мојот речник, а уште помалку го одобрувам истиот

Зборот криминал не постои во мојот речник, а уште помалку го одобрувам истиот. Навистина жалам кога пред некој ден го гледав Зоран Заев како невешто ја убедува македонската јавност дека оној сирот човек го навел за тој да му земе мито. Ми беше навистина непријатно да го гледам како се мачи и поти да објаснува пред скалите на судот. И навистина не знам како може да се извлече од една таква ситуација, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ во денешното негово гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма.

Мицкоски додаде дека транзициските политичари како Заев мора да завршат и да дојде нова генерација на политичари треба да одлучува за иднината на оваа земја.

– Секој треба да знае дека порaно или подоцна доаѓа крајот на неговата политичка кариера. Прашањето е што ќе остави позади себе. Дали кога ќе се појави на улица ќе шета со крената глава и ќе направи здраво со пет, десет или седум луѓе, или ќе го чуваат десет телохранители и ќе ужива во сите оние работи лукративни кои што го пратат во политичкиот живот, потенцираше Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top