| четврток, 6 декември 2018 |

За време на викендите спијам со 30 жени и жена ми тоа и се допаѓа – се пофали тајкун

Траверс Бејнон, познат и како Кендимен, тврди дека на неговата жена ѝ се допаѓа тоа што го дели него со 30 жени.

-Ги сакам жените и правам што сакам со моето тело- вели 27-годишната Таеша за “Daily Mail” и со тоа ги потврдила зборовите на својот сопруг.

Таеша живее во вила на австралискиот Златен брег заедно со Кендимен и неговите две постојани љубовници, 22-годишната Ниша и 21-годишната Кристал. Вилата е во сопственост на тајкунот.

За време на викендите, во нивниот дом има над 30 жени кои доаѓаат на дивите забави кои ги организира Кендимен, чие финале секогаш е во спалната соба. Озлогласениот 47-годишен “плејбој” тврди дека таквиот начин на живот ѝ одговара и на Таеша бидејќи “го обожува нивниот неверојатен сексуален живот”.

-Многу сме среќни. Оженет сум со таа жена осум години, а нашата врска во секоја смисла – љубовна, семејна и сексуална – е како штотуку да сме се запознале- изјавил Траверс.

-Преку викенд во нашиот дом има 30 жени, а на мојата сопруга тоа ѝ се допаѓа. Таа учествува во сè што правам со другите девојки- додава Кендимен, а Таеша го дополнува: Сум се бакнувала со други жени и претходно и отсекогаш сум била љубопитна. Завршив со љубомората. Трев и јас имаме силен брак и цврста врска, заедно минуваме многу време. Се чувствувам како да сум центар на неговиот живот!

Исто така, Кендимен истакнува дека ваквиот живот е поморален од изневерувањето на жената зад нејзиниот грб.

-Колку луѓе во моногамни врски се навистина среќни?- вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top