| четврток, 6 декември 2018 |

Премногу секси за Германија: Ми го плукаа ферарито, на Марија ѝ се смееја за градите, не знам зошто им пречи нашето богатство

Кој би рекол дека Германија може да изроди вакви екскомунистички тајкуни. Многу пари, малку вкус и многу неостварени соништа. Ѕирнете во Јота животот на Бастијан и Марија Јота, кои беа протерани од Германија, зашто многу гласно му се радуваат на животот

germanci bogati

Раскалашните тајкуни обично ги врзуваме за Русија и за другите екссоцијалистички земји – тоа се оние кои немале, па имаат, па не знаат што попрво да направат. Немаат вкус и осет, а имаат многу пари. Но, оваа тајкунска двојка иако се однесува типично руски, доаѓа од капиталистичка Германија.

Бастијан и Марија Јота живеат во своја сопствена бајка! Со документирањето на плејбојскиот живот на Инстаграм го навлекоа гневот на германската јавност, земјата од каде што потекнуваат, и заминаа да живеат во Лос Анџелес, секако во елитниот ден на Беверли Хилс, во вила чиешто изнајмување чини вртоглави 10.000 долари месечно. Нивното секојдневие се состои од забави на базенот во нивната вила, тие се решени да го надминат Хју Хефнер. Секако, возат луксузни автомобили, секојдневно во шопинг трошат илјадници долари, излегувања, патувањата на егзотични дестинации.

Фотографиите од ваквиот екстравагантен живот ги разгневија пошироките народни маси, од кои повеќето одвај крпат крај со крај, па фактички го “замолија” овој пар повеќе да “не ги става на маки”.
„Не е нормално секој ден да правиш забави и да пиеш шампањ” – изјави еден од револтираните корисници на Инстаграм.

Бастијан и Марија на својот луксузен „Јота живот” трошат и повеќе од 100.000 долари, а поради тоа што премногу се упадливи, практично беа протерани од Германија.

Луѓето плукаат по моето ферари и ѝ се потсмеваат на Марија поради нејзините големи гради. Кога одиме по улица, со рацете покажуваат колку ѝ се големи градите, иако знам дека им се допаѓаат. Ним им пречи тоа што живееме убаво – изјави 38-годишниот бизнисмен.

Бастијан е животен учител, кој ги учи луѓето како да живеат „Јота живот”, којшто подразбира целоноќни забави покрај базен, скапи спротски коли и луксузни шопинзи.
Од друга страна, тој вели дека преселбата во Ла Ла Ленд е логична, зашто мечтаел да живее во Лос Анџелес уште од времето кога ја гледал на телевизија „Чувари на плажата” (Baywatch) уште како дете.

Експресно се вљубив во местово. Убаво плажи, убави девојки, сѐ сакам. Имав сон и тој ми се оствари – си создадов мој Baywatch и моите девојки се пожешки од Памела Андерсон.

Парите не се проблем.

Навистина не се грижам колку трошам на вечер – 10,000, 20,000 долари, навистина не ми е битно, вели тој. За мене тоа е инвестиција во доброто расположение на моите гости, па така секоја сума вреди.

Марија, која има 27 години, секое утро се буди многу рано за да го изненади сопругот.

Некогаш по дома носам фустан од 2000 долари. Сакам да му бидам добра жена на Бастијан. Тој сака кога носам секси облека.

Богатите гулапчиња имаат план да основаат семејство во наредните неколку години, но прво сакаат уште некое милионче.

Мојата цел е да станам милијардер, и на добар пат сум. Уште две години ми требаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top