| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски амбасадор во Загреб, најава за нови дипломати

antonio intАнтонио Милошоски, поранешниот шеф на дипломатијата, ќе биде новиот амбасадор во Загреб, пренесе порталот Телеграф.мк, информација од албански информативни канали.

Во веста за новите дипломати, наведени се повеќе имиња од ДУИ.

За амбасадор во Женева ќе оди Газменд Илјази, вработен во американската амбасада во СКопје , додека во Катар ќе замине Шабан Јашари. Според информациите Екрем Ебиби ќе замине во Берн на местото на Назифи Рамазан, а Мехмет Наим во Копенхаген, од каде сегашниот амбасадор Агрон Буџаку ќе го продолжи мандатот во Париз.

Според Телеграф, кадрите за ДКП-ата биле тема на вчерашната владина седница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top