Портпаролот на Грчкото МНР вчера упати невообичаено остра порака до шефот на Бугарската држава кој во интервју за медиуми во Софија изјави дека Бугарија не и се заканува на Македонија како што тоа го прави Грција.
„Претседателот на Бугарија ги измешал работите, затоа што Грција сигурно не е држава која и’ се заканува на Македонија“, реагираше Делавекурас во врска со изјавите на Плевнелиев.
За дипломатскиот протокол оваа невообичаено остра порака од официјална Атина до Бугарија меѓу познавачите на проблемот со името во Грција се толкува како страв дека Бугарија под притисок на Брисел би можела да се премисли во односот к0н Македонија и да ја остави грчката дипломатија сама да го блокира влезот на земјава во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


